Ева клуб сендвич на далматински начин

Нека не ве лаже фактот дека станува збор за едноставен сендвич, бидејќи овој сендвич оправдано може да се нарече ризница на вкусови. Богата сина риба во комбинација со зеленчук ви ја даде енергијата потребна за сите дневни предизвици. Му благодариме на Иван Пажанин за овој рецепт.

20 мин - Едноставно

Припрема

  1. Во електричен сецко ставете путер, додадете капари, лук, сол, бибер, сушени домати, маслиново масло, коњак и сардини. Измелете за да добиете хомогена смеса.
  2. Додадете малку пињоли кои претходно сте ги потпекле на тефлонска тава, а остатокот зачувајте го.
  3. Додадете француски магдонос и мешајте кратко за да добиете убав ароматичен намаз.
  4. Во грил тавата додадете маслиново масло, а потоа на неа тостирајте парчиња леб за сендвич.
  5. Премачкајте го секое парче леб со намаз од сардини. Посипете со печени пињоли, ставете и суви домати.
  6. Подготвениот намаз нанесете го на парчињата леб и врз нив наредете суви домати, исецкани сардини, анасон на коцки и рукола.

Сервирање: Послужете го веднаш овој многу вкусен сендвич богат со протеини или однесете го со себе на училиште, факултет, на работа или на тренинг.

Совет: Богата сина риба во комбинација со зеленчук ќе ви даде сè што ви треба за да го започнете работниот ден или паметно да ја искористите паузата на работа.

Состојки

 За намаз

  •  100g путер
  •  1 лажичка капaри
  •  1 чешне лук
  •  сол
  •  бибер
  •  60 g суви домати
  •  50 ml маслиново масло
  •  коњак
  •  1 Ева Јадрански сардини во растително масло (115g)
  •  сок од лимон
  •  3 лажици пињоли
  • француски магдонос
  •  4 парчиња интегрален леб со семки
  •  анасон
  •  рукола

Користевме

Јадрански сардини во растително масло