Фокача со сардини

Меѓу многуте идеи за тоа како Ева сардините да ги преточите во вкусен оброк, миризливата фокача со прелив од салса со додаток на сирење и рукола, лесно го наоѓа патот до сите сетила за вкус. Му благодариме на Иван Пажанин за овој рецепт.

60 мин

Припрема

  1. Во сад со малку топла вода и шеќер додадете го квасецот, промешајте и оставете да нарасне.
  2. Во поголем сад ставете брашно, сол и маслиново масло, додадете го квасецот, па додавајќи вода замесете се додека не добиете мазно и меко тесто.
  3. Префрлете го на набрашнета површина и месете го со рацете за да го направите тестото податливо и еластично.
  4. Ставете го во подмачкана тава и оставете го покриено на топло место за да се крене и двојно да му се зголеми волуменот, односно околу половина час.
  5. Стасаното тесто ставете го на плехот за печење кој претходно сте го покриле со специјална хартија за печење.
  6. Раширете го тестото со рацете, направете вдлабнатини во кои ќе ставите чери домати , посипете со крупна сол, мали гранчиња рузмарин и премачкајте со маслиново масло. Вака подготвената фокача оставете ја околу 5 минути уште малку да нарасне, а потоа печете ја во рерна загреана на 200 °C околу 30 минути.
  7. Додека се пече фокачата, подгответе ладна салса. Излупете ги доматите, исечете ги на коцки, додадете сецкан лук, сок од лимон и портокал, сол, бибер, магдонос, маслиново масло, ситно исецкан власец, 1/3 сецкани сардини со лимон. Промешајте.

Послужување: Кога фокачата ќе се олади малку, исечете ја на парчиња, а по секое парче распределете сос од домати (ладна салса), сирење и рукола, а преостанатите сардини со лимон наредете ги одозгора.

 Совет: Кога ќе ја извадите фокачата од рерна, можете уште еднаш да ја премачкате со маслиново масло.

Состојки

За тесто

  • 400g бело брашно
  • 100g остро брашно
  • 1 инстант квасец (7g)
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • околу 300 ml топла вода
  • чери домати
  • рузмарин
  • крупна сол

За ладна салса

  •  1-2 домати
  •  1 чешне лук
  •  1 лимон
  •  1 / 2 портокал
  •  сол
  •  бибер
  •  свежи листови магдонос
  •  50 ml маслиново масло
  •  власец
  •  1 Ева Јадрански сардини со лимон
  •  Сирење и рукола за сервирање