Тестенини со сардини и крцкав прелив

Пљуканци“ се вид тестенини кои ги поврзуваме со кујната на Истра и островите Кварнер. Најчесто се служат со сосови, а во комбинација со сардини, ова јадење целосно го оправдува неговиот медитерански призвук. Му благодариме на Иван Пажанин за овој рецепт.

50 мин

Припрема

  1. Од брашно, јајца, маслиново масло, сол и вода измесете мазно тесто.
  2. Поделете го на 4 помали лебчиња и оставете го да отстои покриено околу 15 минути.
  3. Од така подготвеното тесто откинете помали парчиња тесто, истријте ги помеѓу дланките за да формирате долгнавести тестенини. Гответе ги во лесно посолена вода 15 минути.
  4. За кростата од индиски ореви, на загреана тава ставете маслиново масло, сецкани индиски ореви, мајчина душица, рузмарин и пржете. Додадете путер и малку коњак.
  5. За сосот, загрејте маслиново масло во поголема тава, додадете лук и сецкан магдонос. Пржете додека лукот не се карамелизира. Потоа додадете сардини, бело вино, маслинки, капари, мајчина душица, малку сол, бибер, налејте вода за да ги покрие состојките, од водата во која се готвеле тестенините и оставете да зоврие кратко за да се соедини сè. Потоа додадете чери домати исечени на половини.
  6. На крај, измешајте ги исцедените врели тестенини и неколку капки сок од лимон во сосот. Доколку е потребно, додадете малку вода од таа каде што се готвеле тестенините за да станат посочни и кремасти.

Послужување:

Послужете ја салатата со ливчиња од бадем и филетирани портокали.

Совет:

Користејќи сардини, салатата ќе ја збогатите со протеини, омега-3 масни киселини и истовремено лесно ќе ја посолите.

Состојки

За тесто за домашни тестенини

  • 200 g брашно
  • 1 јајце
  • маслиново масло
  • сол
  • вода

За кростата од индиски ореви

  • 100 g индиски ореви
  • 20 ml маслиново масло
  • рузмарин
  • 10 g масло
  • 10 ml коњак
  • 20 ml маслиново масло
  • 2 главици лук
  • магдонос
  • 1 Eva Јадрански сардини пикант
  • 100 ml бело вино
  • 30g сецкани црни маслинки
  • неколку капари
  • гранче мајчина душица
  • сол
  • црн бибер
  • 100 g чери домати
  • сок од лимон

Користевме:

Eva Јадрански сардини пикант

Вегета Маестро мелен црн бибер